Македонија
25. April 2020 - 8:12

Патиштата претежно суви, се препорачува внимателно возење низ клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонските државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Граничните премини за влез во државата се затворени и за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и за тие со соодветна дозвола од МВР.