Свет
4. October 2017 - 9:59

Партнерката на напаѓачот од Лас Вегас на сослушување во ФБИ

 

Партнерката на напаѓачот од Лас Вегас, кој уби 58 лица, допатува денеска од Филипини во Лос Анџелес, каде се сретна со агенти на Федералното истражно биро (ФБИ), кои сакаат да дознаат дали таа знае нешто за мотивите на нападот.

Мерил Денли (62) пристигна во САД доцна синоќа, а американските медиуми наведуваат дека полицијата ја смета како „лице од интерес“ во рамки на истрагата и оти е слободна да се движи каде сака.

За време на нападот денли се наоѓала на Филипините, а властите ги истражуваат тврдењата дека напаѓачот Стивен Педок и префрлил на сметка 100.000 долари.

Западните медиуми пренесуваат дека Денли е од Австралија, а во САД се преселила пред 20 години за да работи во казино.

Како што е најавено, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го посети Лас Вегас.