Балкан
14. December 2017 - 23:08

Партизан се огласи по крвавата пресметка - има многу работи непознати

За првпат и официјално по немилите настани на вчерашното 156. вечно дерби, се огласи и Партизан. Нивиот новинар Жељко Пантиќ преку Партизан ТВ објасни некои работи за пресметката што изби на јужната трибина на стадионот „ЈНА“ кај „Гробари“.

-Има многу непознати работи. Дали е тоа внатрешна пресметка помеѓу навивачите на Партизан или некој друг елемент? Она што можам да го кажам со сигурност е дека луѓето кои учествувале, и можам да кажам поминаа најлошо, се државјани на Република Хрватска кои никогаш претходно не биле на стадионот на Партизан. Тоа се кик-боксери од клуб од Сплит кои биле изнајмени и дошле со „црно-бели“ обележја. Ставиле фантомки и започнале да тепаат се околу себе. Кој ги ангажирал не е познато, изјавија од клубот.

Притоа во јавноста излегоа слики од лични карти од учесниците во инцидентот со кои само се потврдуваат тврдењата дека тоа биле Хрвати.

 

.