Македонија
26. December 2021 - 11:09

Партијата за движење на Турците: Новиот мандатар да ја запази политичката и институционалната претставеност на Турците

Партијата за движење на Турците – ТХП, во Скопје одржа Централно Собрание, а на дневен ред се најдоа резултатите од локалните избори, актуелните политички случувања и креирањето на политиките кои би се имплементирале преку новата Влада.

Партијата за движење на Турците – ТХП очекува новата Влада да го продолжи и зацврсти концептот на едно општество и да ја интензивира имплементацијата на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам. Сметаме дека новиот владин состав конечно ќе успее да најде соодветен изборен модел кој ќе овозможи правично и фер претставување на помалку бројните заедници во Собранието на Република Северна Македонија. ТХП од новиот мандатар очекува да ја запази политичката и институционалната претставеност на Турците, а подобрувањето на образованието на турски јазик, како и унапредувањето на културните дејности на турската заедница и во следниот период ќе ни бидат приоритет.

На Централното Собрание за нови потпретседатели на партијата се избрани Ајлин Емин Скоро и Џабир Доко.

 
Партија за движење на Турците – ТХП