Партијата за движење на Турците го прифаќаат ставот за заеднички претседателски кандидат
Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак, се виде дека условите сè уште не се созреани за реализација на оваа мисла, велат од Партијата за движење на Турците.
„Концептот на ‘едно општество за сите’ е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат“, се наведува во соопштение.
Според партијата, заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатена од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен, додаваат од Партијата за движење на Турците.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите