Македонија
7. July 2020 - 16:31

Партиите со свои ветувања пред гласачите

Во обид да освојат глас повеќе, особено од неопределените, помалите политички партии со најразлични ветувања и предлог-решенија за проблемите на граѓаните.

Од Работничката партија МОРО ветуваат бесплатно образование на сите нивоа.

Единствена Македонија ќе се бори во земјава единствен службен јазик да е македонскиот.

Не изостануваат ниту критиките кон власта.

Алијанса за Албанците ветува дека ќе ги реши елементарните проблеми на граѓаните.

Од Граѓанско-демократската Унија преку соопштение ги повикаа и другите кандидати за пратеници да го следат нивниот пример и доброволно да се откажат од сите финансиски поволности, што ќе им следуваат како пратеници, а да земаат само минимална плата.