Македонија
22. August 2019 - 16:08

Партиите со различни толкувања на законот за СЈО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара наследникот на специјалната обивнителка Каитца Јанева да биде избран преку процедурите од Законот за специјално обвинителство, а не со поставување на вршител на должност. Пратеникот Илија Димовски, инаку и претседател на Комсијата за избори и именувања вели дека Јанева по притворот треба да биде разрешена од парламентот, во постапака што ќе ја иницира Советот на обвинители.

Споредф толкувањето на Димовски, до изборот на нов замениците на Јанева не можат да постапуваат оти, според закон, тие се нејзин личен избор, па без неа немаат мандат. Димовски додава и дека во законот за јавно обвинителство точно е наведено за кои обвинителства и кога може да се постави вршител на должност.  Тој повикува власта да биде одговорна и да не ја заобиколува процедурата.

Од владејчката СДСМ немаат официјален став за прашањето. Таму мислењата се поделени, но велат дека во оваа ситуација мора да има брзо решение за да не трпат предметите на СЈО.   Неофицијално, преовладувало мислењето дека Јовески бил во право за поставување на в.д. обвинител, но оставаат за прашањето да се изјасни и Советот на обвинители.

Од владејчката ДУИ пак, повеќе се за тоа наследникот да биде избран преку комрпомис и преку процедурата во Собрание поради сензитивните услови и недовербата во институциите.

Османи, пак, како вицепремиер вели дека случајот Рекет треба да има брза разрешница за да се врати довербата во правото бидејки неселективната борба со корупцијата е клучен услов за влез во ЕУ.

Доколку партиите и независните тела брзо не решат овие дилеми по притворот на Јанева и нејзината највена оставка пред случајот Рекет, нејзиниот мандат секако ќе згасне на 15 септември. Во меѓувреме пак, се уште нема договор за новиот зкаон за јавно обвинителство  со нов начин на избор на јавен обвинител кој ќе раководи со новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО. Законот е на собраниска седница ставен во вторник.