Македонија
29. July 2020 - 16:36

Партиите се уште далеку од договор за идното владино мнозинство

Ниту една од алабанските партии не почнала официјални преговори со некоја од водечките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Влада. Партиските брифинзи од ДУИ и БЕСА се дека преговорите ќе почнат после конституирањето на Собранието на 4ти август, но и самата конститутивна седница и изборот на собраниски спикер може да биде показател за идна сорботка.

Сепак, меѓупартиски разговори и контакти веќе има. Иако и од ДУИ и од БЕСА велат дека вчерашната средба Ахмети – Касами не била во функција на договори за ново парламентарно мнозинство речиси извесно е дека тоа ја отвара вратата за преговори за Влада со СДСМ.

Средбата е по барање на Ахмети. Суштински е разговарано за потребата од брзо ставање вофункција на институциите и за целосно посветување за почеток на преговорите за членство на ЕУ. Ваквите средби се нормални и позитивни кои придонесуваат за зајакнување на демократските капацитети на сериозните политички партии – велат од БЕСА.

И од ДУИ велат дека се уште не почнале со преговори, но според нив јасно е дека тие се победничката партија во албанскиот блок и со тоа легитимен преговарач за во Влада. Нефицијално, преговорите  прво ќе почнат со СДСМ која има 46 пратеници заедно со БЕСА, а со тоа и два повеќе од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски извори коментираат дека кои владини ресори ќе бидат побарани ќе зависи од тоа како ќе тргнат преговорите за премиер Албанец.

Од Коалицијата на Алијанса и Алтернатива пак, потврдија дека исто така не водат разговори ниту со Заев ниту со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет изјави Гаши.

Односите меѓу ДУИ и Колицијата Села – Гаши особено се влошија по предлогот на Бујар Османи за нова албанска платформа со која албанските партии би се согласиле на избори да се оди само со две албански листи. Онаа која би победила да биде единтвената која ќе влезе во Влада.

Дека се уште е рано за официјални владини преговори потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вчера кажа дека е отворен за разговори со сите партии, но и дека широка владина коалиција може да значи и нестабилна политичка влада.

Заев веќе објави дека преговорите за Влада ќе почне по Илинден иако најави дека продолжување на реформите и евроатланска перспектива би биле приоритет што беше протолкувано како подадена рака кон ДУИ.