Loading Video...
Ракомет
7. May 2019 - 19:04

Парондо: Ќе ни се насмевне „трета среќа“ против Барса

Македонскиот шампион Вардар го доби најсилниот можен противник во полуфиналето на завршниот Ф-4 од Лигата на шампиони во ракомет, шпанската Барселона.

Двојките беа извлечени денеска во Келн каде ќе се игра и завршниот турнир на 1-ви и втори јуни.  Во второто полуфинале ќе играат Кјелце и Веспрем.

Да потсетиме кога во 2017 година црвено-црните го освоија европскиот трофеј токму во полуфиналето со погодокот на Лука Циндриќ ги совладаа каталонците а потоа во финалето беа подобри од ПСЖ.

  Првиот стратег на црвено-црните Роберто Парондо посака трета среќа против првиот фаворит за европскиот трофеј

  „Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на Ф4 турнирот. И не само поради квалитеот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме во Келн. Сега нема што да загубиме, одиме да играме и да се надеваме на добра резултат. Барселона има добра екипа. Тоа не е тајна додека за  Вардар е најважно да биде комплетен и да го даде својот максиумум. Да не заборавиме дека на последните неколку турнири се случија големи изненадувања “

Полуфиналето е на 1. јуни а финалето ден подоцна . На Вардар ова му е трето учество во серија  на завршниот фајнал-фор и ќе се бори за втора титула додека каталонците се рекордер со 9 трофеи.  Интересно Кјелце има еден трофеј додека Веспрем досега играше три пати во финалето  и исто толку пати беше поразен.