Македонија
21. March 2019 - 8:44

Парламентарна делегација од Косово во посета на Собранието

Делегација од Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на Комисијата за јавна администрација и локална самоуправа Наид Хасани, денеска е во посета на Парламентот.

Како што информира собраниската прес-служба, предвидена е средба со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Весел Мемеди, заедно со претседателката на Законодавно-правната комисија Соња Мираковска и претседателот на Комисијата за локална самоуправа Џевад Адеми.