Македонија
12. May 2020 - 11:29

Парични казни за 19 лица, не го почитувале полицискиот час во Скопје

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час се движеле на различни локации во Скопје.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.