Фудбал
23. December 2016 - 7:54

Пардју доби отказ во Кристал Палас

Премиерлигашот Кристал Палас со соопштение објави дека менаџерот на овој клуб Алан Пардју е отпуштен.
-         Алан Пардју работеше напорно во клубот и подобри многу работи. Му посакуваме успех во понатамошната кариера, се вели во соопштението.
Управата на клубот од Лондон е на мака бидејќи ќе мора брзо да најде решение за испразнетото менаџерско место. Во следните три кола Кристал Палас има две гостувања кај Вотфорд и Арсенал, а потоа следи дуелот на домашен терен со Свонси.
Кристал Палас се наоѓа на 17.место на табелата со 15 бодови или само три повеќе од двата последнопласирани тима Свонси и Хал кои имаат по 12.