Свет
7. January 2016 - 12:10

Папата им го честиташе Божик на православните кои слават по Јулијански календар

Папата Франциско го четститаше Божик на православните христијани и католиците кои овој празник го слават по Јулијанскиот календар, посакувајќи им мир и благосостојба.

- Изразуваме духовна блискост со браќата и сестри од христијанскиот исток, католици и православни кои в четврток ќе го слават Божик, рече Папата по молитвата во Ватикан.

- До нив нека стигнат нашите желби за мир и добробит, рече вчера поглаварот на Римокатоличката црква.