Loading Video...
Свет
5. December 2021 - 16:31

Папата Франциск ја обвини Европа за игнорирање на мигрантското прашање

Папата Франциск ја обвини Европа за игнорирање на мигрантското прашање. За време на посетата на Грција и Кипар, пред барателите на азил на остовот Лезбос,Папата го опиша запоставувањето на мигрантите како “потонување на цивилизацијата” и според него некои лидери го третирале проблемот како ова прашање да не ги засега нив. Во кампот се сместени 2300 мигранти повеќето од Авганистан, Сирија и Ирак кои се обидуваат да заминат во западно европските земји.

Претходно при посетата на Атина  повозрасен грчки свештеник вербално го нападна Папата со зборовите “ Ти си еретик” по што беше соборен на земја од страна на полицијата.