Македонија
16. October 2019 - 16:54

Папандреу: Лидерите на ЕУ да испратат силна порака за Северна Македонија и Албанија

 

Почеток на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на европското семејство, историјата и заедничката иднина, напиша поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Движење на промена, Јоргос Папандреу на неговиот официјален Твитер профил и додаде дека лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во време кога нашите демократски темели, развиени по Втората светска војна и нашите европски вредности се доведуваат во прашање, лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака дека ги почитуваат нашите заложби за Западен Балкан. Почеток на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на нашето европско семејство, историјата и заедничката иднина, напиша Папандреу на Твитер.