Македонија
30. January 2022 - 21:40

Пановски и Даниловски не ја прифаќаат поканата на Сали, Марковски смета дека е несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук

Сител побара став од професорите Пановски, Даниловски и Марковски во однос на поканата на министерот за здравство Беким Сали да станат дел од Комисијата за заразни болести.

Д-р Пановски рече дека нема да ја прифати оваа покана.

Д-р Даниловски вели дека не сака да ја жртвува својата автономија. Не прифаќа да биде ниту дел од комисијата ниту советник на министерот бидејќи не функциониртаат автономно а нејзините одлуки не се извршни.

Д-р Марковски вели дека Комисијата е советодавна на министерот без суштинско влијание на било какви мерки.

- Јас рано во 2020 предложив комисија за Ковид-19 како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни за сите, за жал тоа не беше прифатено. Од друга страна несериозно е да се покануваат експерти преку Фејсбук. Исто така мислам дека министерот со комплет кадровски и стручни решенија требаше да излезе при неговиот избор во парламентот вели во одговорот за Сител професорот Вело Марковски.