Балкан
15. December 2019 - 21:50

Паника во Сараево: Дојава за бомба во трговски центар - полицијата почна потрага, посетителите евакуирани

Сараево Сити Центарот е евакуиран денеска поради дојава за поставена бомба, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи.

Дојавата за поставена бомба во трговскиот центар телефонски е упатена во 16.55 часот, по што припадниците на Управата на полициајта на МВР на Кантонот Сараево започнале со потрагата, пренесува Кликс.ба.

„Откако во трговскиот центар е дојавено дека е поставена бомба, евакуиран е целиот објект за да се изврши КДЗ преглед, што е дел од вообичаената процедура“, се наведува во соопштението и се додава дека прегледите започнале од последниот кад на кој имало многу посетители.