Балкан
11. February 2016 - 8:39

Паника во Атина поради „сомнителен“ куфер

Грчката полиција била алармирана дека е откриен „сомнителен“ куфер во центарот на Атина, јави агенцијата АНА-МПА.

Куферот бил забележан од страна на минувач во еден контејнер за смет во близина на седиштето на Унијата на грчките индустријалци. 

По добиената информација за откриениот куфер, полицијата го блокрала реонот, каде пристигнале и експерти за пиротехника. По извршениот преглед било утврдено дека во куферот „нема ништо опасно“.