Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска со почеток од 13 часот во Јавна Соба во Скопје организира панел-дискусија на тема „Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња“.
Како што информираат од мрежата, на настанот ќе се зборува за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата.
Ана Бојчевска Митревска од Реактор ќе зборува за родовиот јаз во платите. Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет ќе се осврне на работничките права на жените. Неда Чаловска Димовска ќе дискутира за пристапот до права и услуги на жените земјоделки. Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе зборува за родово базираното насилство и родовата еднаквост. Климентина Илиевска од Паблик ќе презентира за социјалното менторство и економското јакнење на жените жртви.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски