Панел дискусија за подобрување на обесштетувањето за жртвите на трговијата со луѓе и родовото насилство
По повод 70-годишнината на Советот на Европа, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи Панел дискусија на тема: „Подобрување на пристапот до обештетување за жртвите на трговија со луѓе и родово засновано насилство“
Оваа година кога се одбележува 70-годишнината на Советот на Европа во рамките на француското претседателство со Комитетот на министри, фокусот е ставен врз подобрувањето на пристапот до надоместок за жртвите на трговија со луѓе и родово насилство, теми што се поддржани од „Хоризонталниот инструмент“.
На настанот кој е организиран во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и за Турција“, меѓу другите, ќе се обратат и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, Eлене Конвеј Муре, сенатор на Република Франција, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и други.
„Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и за Турција“ е програма финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Советот на Европа, чија цел е унапредување на владеењето на правото и почитување на основните права во земјите кандидатки, во согласност со Европската конвенција за човекови права. Преку акцијата „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ се обезбедува поддршка за процесот на изготвување закон за исплата на паричен надоместок од страна на државата за жртвите на насилни кривични дела. Се очекува законот да биде донесен од Собранието до крајот на 2019 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица