Loading Video...
Фудбал
24. April 2021 - 18:21

Пандев постигна гол, но судиите го поништија

Пандев со својата екипа Џенова забележа победа со 2:0 во дуелот против Специја. 
 
Иако Пандев постигна гол во 28-минута сепак тој беше поништен поради наводен прекршок претходно над гостинскиот голман. 
 
Сепак, во вториот дел домаќините  успеаја да постигнат два гола. Скамаца кој влезе во 56-тата минута токму на местото на Пандев, само седум минути подоцна се запиша во листата на стрелци. 
 
Во 86-тата Шомуродов беше стрелец на вториот гол за Џенова која со новите три бода се проби на 13-место на табелата, со осум бодови повеќе од Каљари кој е во зоната за испаѓање.