Loading Video...
Фудбал
1. May 2020 - 20:13

Пандев го донира најсветиот дрес во хуманитарни цели

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со уште еден хуманитарен гест ќе се обиде да обезбеди помош за болницата 8-ми септември со што им се придружи на групата фудбалери во светски рамки кои донираат дресови во битката против Ковид 19.   Да ја погледнеме пораката на Пандев кој го донира најсветиот дрес во кој го одигра 100-тиот јубилеен меч за рисовите. 
Што се однесува до фудбалот во Серија - А Пандев за Арена спорт денеска изјави дека е против продолжување на сезоната бидејќи пандемијата предизвика многу проблеми во  Италија и на многу луѓе не им е до спорт. На што ќе личи фудбал без контакти и без публика изјави капитенот на македонската фудбалска репрезентација.  
Во Англија клубовите  одржаа состанок и сакаат да ја доиграат сезоната.