-->
-->
Паламар: Командата на „Азов“ се уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција
-->
Заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, денеска објави нова порака на Телеграм во која кажува дека командата на единицата се уште се наоѓа во подземните тунели на огромната фабрика во Мариупол, која во последните два месеца прерасна во своевиден симбол на украинскиот отпор.
“Слава на Украина! Денеска е 85-ти ден од војната. Командата и јас сме во просториите на фабриката Азовстал. Во тек е операција, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме“, изјави Паламар.
Од неговата изјава, меѓутоа, остана нејасно за каква операција станува збор во челичарницата во Азовстал од која во последните два дена се предадоа над 1.700 украински војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност