Фудбал
30. August 2016 - 9:46

Пако конечно член на Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пако Алкасер (22) е последното засилување за Барселона во летниот преоден рок.
 
Актуелниот шпански шампион, за трансферот на младиот напаѓач на Валенсија ќе и плати 30 милиони евра.
 
Алкасер во Барселона ќе биде замена за неприкосновеното напаѓачко трио Меси-Нејмар-Суарез, односно се очекува својата шанса најмногу да ја бара во натпреварите од Купот на Кралот, односно во Лигата на шампионите во оној момент кога Барса ќе го обезбеди пласманот во нокаут рундата.
 
Како дел од трансферот на Пако Алкасер, Барселона на едногодишна позајмица во Валенсија ќе го испрати Мунир Ел Хадади.
 
Алкасер е вториот играч на Валенсија кој во летниот преоден рок се пресели на „Камп Ноу“, откако претходно Барселона потпиша договор со Португалецот Андре Гомеш.