Свет
16. August 2019 - 21:28

Пакистан: Братот на лидерот на авганистанските Талибанци убиен во експлозија во џамија

Братот на лидерот на авганистанските талибанци, Хаибатула Ахунџада, е едeн од најмалку петмината загинати во џамија во Кета, југозападен Пакистан, пренесува „Танјуг“.

Според еден извор, загинал Хафиз Ахмадула, помладиот брат на талибанскиот водач.

Експлозијата одекнала за време на молитва, а најмалку 20 лица се повредени.

Шефот на локалната полиција изјави дека бомбата најверојатно била подметната во џамијата и активирана со далечински управувач.

Жртвите веднаш биле пренесени во болниците низ Кета, аолицијата стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.