Македонија
5. May 2021 - 19:40

Паднаа првите пресуди за фалсификаторите на пасоши, петмина од обвинетите ја признаа вината

Дел од обвинетите за фалсификување пасоши во аферата „Двојник“ добија затворски казни. Петмина признаа дека биле дел од група кој издала над 200 пасоши на странски државјани со криминално досие и барани со меѓународна потерница. Четворица се осудени на затвор од две години до две години и 7 месеци. Еден е условно казнет. 

Вработените во МВР кои признаа вина, добија и забрана да ја извршуваат функцијата во следните 10 години. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пресудите ги смета за срамни. Претседателот на партијата на Фејсбук пишува дека Заев и Спасовски кажале дека направил саботажа, а сега молчат.

„Судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажаат збор. Затоа што овие службеници треба да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта. Договорена работа и голем срам!“, напиша Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

За издавањето лажни пасоши, обвинети беа 11мина. Судењето за петте лица кои денеска отфрлија вина, ќе продолжи во петок.