-->
-->
Падна цената на нафтата како резултат на зголемениот број заразени од коронавирус
-->
Цената на нафтата на светските пазари денеска падна како резултат на рекордниот дневен пораст на заразени со коронавирус ширум светот, со голем скок во САД во текот на викендот.
Трговците за натамошни насоки го очекуваат состанокот на ОПЕК, што треба да се одржи оваа недела.
Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар утрово падна за 53 центи, на 42,71 американски долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 64 центи пониска цена, за 39,91 американски долари.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека во светот во последните 24 часа се регистрирани 230.370 случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден дневен пораст од почетокот на пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024