-->
-->
Пад на температурите и заладување од четврток
-->
Опаѓање на температура за повеќе од десет степени не очекува во четврток и петок. По утрешните прогнози дека ќе достигне 22 степени дневната температура, во четврток под влијание на влажна воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.
2 Февруари 201612:16
vreme
Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 литри воден талог. Во петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.
Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 км/ч и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот. Дневната температура ќе биде за повеќе од десет степени пониска во однос на денешната.
Во деновите што следат потоа ќе преовладува стабилно, но посвежо време.
Во текот на утрешниот ден од УХМР биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во вечерните часови кај поголем број луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во ноќните часови кај поголем број на луѓе можна е општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови од следниот ден болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии