Свет
15. October 2015 - 8:56

Пад на поддршката на Меркел и ЦДУ/ЦСУ поради начинот на справување со бегалската криза

Поддршката на конзервативниот блок на Ангела Меркел падна на најниско ниво од последните избори во 2013 година поради начинот на кој германската канцеларка се обидува да се справи со бегалската криза во Германија, покажуваат истражувањата на јавното мислење.

Поддршката за Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел и нејзиниот баварски сојузник Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) е намалена на 38 проценти, покажуваат резултатите од истражувањата на Форса и ИНСА, пренесува БТА.

Довербата на блокот на Меркел сега е за 3,5 проценти помала во споредба со таа пред две години, кога оствари убедлива изборна победа.

Популарноста на унијата ЦДУ/ЦСУ се намалува и како резултат на разногласијата меѓу раководството каква позиција да се земе во однос на бегалската криза и информациите во медиумите за насилство во бегалските центри.