Пациентите на домашно лекување со два негативни теста се сметаат за излекувани
За пациентите на домашно лекување важи истиот алгоритам како и за хоспитализираните, односно и тие треба да имаат два негативни теста за да се сметаат за излекувани, нагласи министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, Филипче рече дека овие пациенти се во постојана комуникација со матичните лекари и оти како поминува периодот, согласно нивната здравствена состојба, ќе се прават тестовите.
– За секој пациент без разлика дали се наоѓа во домашни или во болнички услови важи истиот алгоритам да се направат два негативни теста. Значи, истото што важи за хоспитализираните пациенти, важи и за оние на домашно лекување. Согласно достапноста и местото на живеење, ќе се организираат брисевите за да се докаже дали овие пациенти се негативни или се уште се носители на вирусот, појасни Филипче.
За асматичарите апелираше за се што е потребно да се консултираат со матичните лекари, а во однос на тоа дали постои сличност меѓу симптомите на астма и коронавирусот, појасни дека има сериозна разлика меѓу двете болести односно оти за Ковид-19 карактеристична е фебрилната состојба и сувата кашлица. Сепак, повика на внимателност и да се користи можноста за консултација со матичниот лекар во кое било време.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација