Живот
19. August 2015 - 20:19

Овој текст ќе го разберат само мајките

Среќата да се има дете не може со ништо да се замени, но понекогаш ви треба сила да прифатите дека веќе не можете да правите некои работи како порано.

За другите можеби ова се работи кои воопшто не се важни и никој освен мајките нема да го разбере овој текст.

Овие реченици ги имаат изговорено сите мајки. Тоа не ги прави лоши родители, туку само нормални луѓе. Секоја мајка е подготвена да се откаже од се за своите деца, но понекогаш....секоја мајка се нашла во момент да изговори:

1. Не можам да викам и да пцујам и морам да го голтам бесот додека возам. Нема ништо подобро од малку пцовки низ прозорецот, но малите уши ви го држат речникот под контрола.

2. Не можам дури да си ја слушам ни омилената музика во својот автомобил. Сигурно не би можела да му објаснам на детето која е пораката на некои зборови во метал песните, па морам цел пат да слушам детски песнички.

3. Не можам ни да излезам од дома на време. Никогаш. Тоа е Марфиев закон, ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне. Најчесто тоа е пресоблекување, кога само што сте се фатиле за кваката на вратата, но забележувате дека малите размачкани рачиња ве фатиле за панталоните.

4. Не можам да се сетам ни кога последен пат сум изгледала епизода од омилената серија од почеток до крај. Да, ова дефинитивно е луксуз од минатите слободни денови и филмски маратони.

5. Не можам ни да ги проверам знаците за анксиозност кои ги кажуваат на вестите, затоа што веќе ми се случуваат. Мајчинството автоматски ги зголемува шансите за анксиозно однесување, хипохондрија, претерана грижа, несоница, параноја...

6. Не можам ниту да останам будна после 9 навечер. Со оглед на целиот турбулентен ден, добро е ако не заспијам и пред детето. После раѓањето, сакале или не, излегувате од онаа кул територија.

7. Не можам ни во тоалет да одам на раат. Одењето во тоалет станува посебна вештина, за да се извлечете без да ве види, набрзина да завршите работа и да се вратите како да не сте ни заминале.

Кога подобро ќе размислите, ретко кои работи може да ги правите слободно, мирно и безгрижно како некогаш. Деновите на досада се зад вас. Но, кога ќе погледнете колку се слатки и прекрасни вашите деца и како ви го разубавуваат секој ден, ништо друго веќе не е важно.