Свет
28. July 2019 - 13:28

Овој полицаец го убија американски хулигани во Рим: Марио (35) се ожени пред само 43 дена

Марио Черчело Рега (35), убиен е со нож во центарот на Рим во раните утрински часови.

Двајца американски туристи се уапсени под сомнение дека учествувале во убиството на италијанскиот полицаец.

Полицијата ги идентификуваше уапсениет мажи како Кристијан Габриел Натал Хјорт (18) и Финеган Ли Елдер (19). Тие се обвинети за тешко убиство и мора да се појават на суд наредните денови, јави Би Би Си.

Момчињата наводно биле на подрачјето на Трастевере, во близина на Ватикан и се обидувале да купат дрога. Според наводите на италијанската новинска агенција АНСА, тие наводно украле ранец од дилер на дрога кој им продал лажен производ.

Понудиле да му го вратат, ако им плати 100 долари и да им даде грам кокаин. Додека го чекале, Рега и неговиот колега им се обратиле во цивил, зошто полицијата добила дојава за размена на торби, извести АНСА.

Следела кавга, во текот на која Рега неколку пати е избоден со нож. Одведен е во болница каде починал од пшовредите. Рега беше во брак само 43 дена и оваа недела се врати од меден месец.

Неговиот погрег ќе се одржи во понеделник, во истата црква во која се венчаше, пишува Би Би Си.