Живот
29. August 2017 - 16:10

Овој човек улови огромно речно чудовиште

Вистински речен џин извлекол српскиот рибар Страин Милосавлљевиќ од водите на реката Лима.

Станува збор за речен сом, тежок 33 килограми и долг 180 сантиметри.

-Со години ловам сомови, но не сум фатил ни приближно голем колку овој. Кога ја голтна јадицата и кога го почувствував на трската, мислев дека се закачив за воз, вели среќниот рибар.

Сомовите може да поминат 2 метри во должина, а нивната тежина константно расте. Важат за вистински деликатес на секоја рибарска трпеза.