Овој Американец исчезна пред 10 години: Го пронајдоа во супермаркетот каде што работел и тоа на бизарно место
Во еден супермаркет во Ајова е пронајдено тело на маж, заглавен во простор од околу 45 сантиметри зад замрзнувачкот.
Се утврдило дека се работи за некогашниот работник на истиот маркет кој исчезнал пред 10 години.
Полицијата вели дека ДНК анализата покажува дека остатоците му припаѓаат на Лери Ели Муриљо-Монкади (25).
Исчезнувањето на Лери го пријавија неговите родители уште во 2009 година. Тогаш тој заминал од нивната куќа после кавда и тоа за време на силна бура. Тогаш рекоа дека многу чудно и ирационално се однесувал и сметале дека тоа е поврзано со лековите кои почнал да ги пие.
Полицијата смета декаа човечот паднал во тесниот простор меѓу ледот и ѕидот.
Според пишувањето на странските медиуми, во случај 25-годишното момче да довикувало помош никој не можел да го слушне поради бучавата која се одвивала во продавницата која се реновирала.
Обдукцијата покажала дека нема траги од насилна смрт и затоа случајот е прогласен за случајна смрт.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот