Живот
3. August 2016 - 14:19

Овие намирници никако не смеете да ги чувате во фрижидер

На жешките летни температури, се трудиме храната да ја одржиме што подолго свежа, но ставањето на овие намирници во фрижидер резултира со спротивен ефект.
 
Не само што нема да останат свежи, туку и ќе влијаат на вкусот на останатата храна во фрижидерот. Ова се некои од намирниците кои траат подолго ако се чуваат на собна температура:
 
Лебот нема брзо да се суши доколку с ечува на суво место, на собна температура.
 
Лукот се чува на суво, проветрено и темно место за да се спречи ‘ртење. Неговиот мирис може да им пречи на другите намирници во фрижидерот.
 
Истото важи и за кромидот. Чувањето на кромидот во фрижидерот нема да влијае на негово подолго траење.
 
Колку е поладен, толку побрзо ќе го изгуби вкусот, па доматот е највкусен ако го чувате на собна температура.
 
Единствена намирница на која нема да и помине рокот на траење е медот, па нема потреба да го чувате во фрижидер.
 
Дињата ќе биде посвежа пред сервирање доколку не се чува во фрижидер.
 
Авокадото е најдобро да се чува во отворена хартиена кеса. Во фрижидер ќе созрее побрзо.