Овие намирници може да ги јадете и кога ќе им помине рокот на траење
Експертите откриваат кои намирници е безбедно да се јадат некое време откако им помине рокот.
Чоколадо
На чоколадото на кое ќе му помине рокот може да се појават бели точки, но не грижете се, се работи за кристализиран шеќер. Омиленото благо слободно изедете го, иако веројатно нема да биде толку вкусно како кога е свежо.
Чипс
Исто така ја губи свежината, но е безбеден за грицкање, и тоа благодарение на огромната количина сол. Сепак, најдобро е да не чекате да поминат повеќе од три недели по истекот на рокот.
Сирење
Единствено тврдите сирења, како што е пармезан, може да се јаде по истек на рокот, и тоа три до шест недели. Но, меките намази јадете ги во рок. Исто така, кога ги отворите, конзумирајте ги во рок од недела дена.
Бисквити
Благодарение на конзервансите, бисквитите се безбедни и два месеци по истекување на рокот. Но губат вкус. Крцкавоста може да се обидете да ја вратите така што накратко ќе ги стоплите во рерна.
Мед и џем
Големата количина на шеќер го чува медот и џем од пропаѓање, па слободно конзумирајте ги, дури и кога згуснат во средина.
Тестенини
Нивниот рок е неограничен додека ги чувате како што треба. Кога ги отворите шпагетите или макароните, остатокот сместете ги во сад во кој не влегува воздух како би го сочувале производот од влага
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење