Овен Смит : Нема разговори со ЕУ за Брегзит без ново гласање на Британците
Кандидатот за нов лидер на опозициската Лабуристичка партија, Овен Смит изјави денеска дека нема да има разговори со ЕУ за раздржување, доколку за тоа на крајот не одлучуваат и Британците на ново гласање.
Смит вели дека доколку биде избран за лидер, партијата во Парламентот во Лондон, ќе го блокира покренувањето на члан 50 од Лисабонската спогодба, ако било каков да е договор на владата со ЕУ, околу Брегзит, не биде ставен за одобрување пред британските гласачи- на нов референдум, или на парламентарни избори.
„Лабуристите нема да им дадат на конзервативците „бланко чек„ за да ја извлечат Британија од ЕУ„ - рече во разговор за радио Би-Би-Си.
Според Овен, Британците беа „изманипулирани и лажени„ од оние кои водеа кампања за излез на земјата од ЕУ, па затоа, сега лугето заслужуваат слободно да одлучат околу заминувањето од Унијата.
Владеачките ториевци го осудија барањето на Овен, тврдејќи дека тој сака да го „игнорира исходот од референдумот“ од 23 јуни.
На гласањето, 52 отсто од гласачите се определија за напуштање, а 48 отсто за останување на земјата во ЕУ, но се уште не е јасен тајмингот на повлекувањето.
Владата инсистира дека „решително ќе ја спроведе одлуката на гласачите„ а премиерот Тереза Меј постојано повторува дека „Брегзит значи Брегзит„ иако медимите во Лондон пишуваат дека ниту таа, а ниту било кој знае како тоа ќе игледа.
Меј, сепак, одбива да се брза со почнување на процесот за раздружување и инсистира тоа да почне во текот на идната година.
„Потребно е време за спроведување на едно чувствително и уредено заминување на Британија од Унијата„- има речено премиерот Меј.
Во нејзината Конзервативна партија, меѓутоа, сите не мислат така, па десницата на ториевците притиска за забрзување на почетокот на преговорите и бараат со покренувањето на член 50 да се почне уште веднаш по Нова година.
Новиот лидер на лабуристите ќе биде познат на 24 септември.
Во изборната трка учествува и сегашниот лидер, левичарот Џереми Корбин кого и во партијата го обвинуваат дека со своето погрешно однесување пред референдумот практично им помогна на евроспектиците и на антиевропските сили кај ториевците, да победат.
Овен Смит кој ја има подршката на најголемиот број лабуристички пратеници, тврди дека лабуристите се уште веруваат оти Британија може да биде дел од ЕУ.
Ново на Сител
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра