Фудбал
1. September 2016 - 10:43

Овации за Швајнштајгер

Фудбалската репрезентација на Германија одигра пријателски меч против Финска (2-0), меч кој беше последен за Бастијан Швајнштајгер во дресот на националниот тим.
 
Играчот кој со Германија во 2014 година стана светски првак пред почетокот на мечот одржа говор, кој беше испратен со ракоплескање, а емотивниот Швајни не издржа и низ солзи го заврши говорот.
 
„ Ви благодарам на што дојдовте на овој меч. Голема чест и привилегија беше да се игра за Германија. Низ годините многу ми значеше вашата поддршка“, рекол играчот на Манчестер Јунајтед, кој од доаѓањето на Жозе Мурињо тренера со вториот тим.
 
Швајнштајгер за Германија одигра 121 натпревар, теренот на последниот меч со Финска го напушти во 68.минута.
 
Германија ја совлад Финска со головите на Мејер и Езил.