-->
-->
Оваа девојка е толку убава што родителите и забраниле да излегува и да се гледа со момчиња
-->
26-годишната Русинка Ангелика Кенова е модел од Москва која после најпознатата човечка барбика Валерија Лукијанова, е уште една девојка која сака што повеќе да личи на славната кукла.
Ангелика и понатаму живее со нејзините родители кои од малечка ја одгледувале многу строго.
„Родителите ме пораснаа како принцеза и никогаш не ми дозволуваа да излегувам ниту да се гледам со мажи. Како резултат на таквото растење јас не сум подготвена за вистински живот, туку сум како некој вид на жива кукла“, вели Ангелика.
Ангелика од малечка се облекувала како кукла, а можела да излезе од дома само ако и нејзината мајка Наталија појдела со неа.
Како парадокс на ваквото растење стои фактот дека Ангелика, која тврди дека покрај манекенка и балерина, позирала полугола за многу магазини, а нејзините родители го одобриле тоа.
Оваа жива барбика тврди дека нејзиниот изглед е целосно природен, а на социјалните мрежи освоила илјадници фанови.
„Никогаш не сум имала ниедна пластична операција“, тврди Ангелика која и ден денес не може да излезе на состанок со маж доколку тоа не го одобрат нејзините родители.
„Моите родители не сакаат да се иселам од семејната куќа. Дури ни облека не купувам без мојата мајка. Таа инсистира да доаѓа со мене на состаноци, па така секогаш резервирам место за тројца и засега немам момче“, раскажува Ангелика која родителите од малечка ја облекувале како барбика.
„Ми се допаѓа тоа што личам на Барби, таа им е идол на девојчињата ширум светот“, заклучува таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца