Џет-Сет
29. February 2016 - 17:36

Ова е најнепријатниот момент на доделување на Оскарите!

Доделувањето на Оскарите помина низ многу емотивни моменти, но како и секогаш мора да се случи некој блам.
 
Всушност, за овој дел беше задолжена Стејси Џес која на сите им посака среќен месец на афроамериканската историја а многу ѕвезди доживеаа блам.
 
Ништо не би било толку смешно како што таа го изговори а повеќе пати јасно нагласи дека е против овој "празник".
 
Глумицата на бината го покани водителот на програмата Крис Рок, кој цела вечер нагласуваше дека Холивуд е расистичко место. Февруари, инаку е месец на афроамериканската историја, а многу познати личности се противат на тоа, вклучувајќи ја и самата Стејси.
 
Меѓутоа таа поради некоја причина излезе на бината во бел фустан и во неколку секунди посака на сите среќен месец на афроамериканската историја. Бидејќи и самата неколку пати нагласила дека е противник, и дека не и е драго што ја добила таа задача, голем дел од присутните доживеаа блам.