ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА: Еве зошто докторите никогаш не се виновни за смртта на пациентите

Дека колегите во здравството меѓусебно се штитат и кога станува збор за вештачење е јавна тајна во Србија.
Пред меѓусебната заштита на колегите во здравството, на судовите им се врзани рацете а единствен начин да се казни доктор е да се најдат директни причини за смртта на пациентот.
Смртта на пациентот поради несовесна работа на докторот е честа појава во Србија, луѓето со неадекватно лекување го губат животот во рацете на стручните лица, а за тоа никој не одговара.
Досегашната пракса покажува дека судењата кои се против лекарите и здравствените установи се одолговлекуваат со години, изречените казни се минимални, судењето е немоќно.
Најголемиот проблем кога се во прашање грешките на лекарите кои завршуваат со смрт на пациентот е објективно во вештачењето. За време на судењето голема улога имаат и резултатите од обдукцијата кои ги прават секако лекарите. Општо е познато дека тие меѓусебно се штитат. Кога ќе се направи објективно вештачење, се останато е формално, вели адвокат Тома Фила за српски Телеграф.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
