Живот
28. March 2019 - 16:48

Ова е хит пронајдок: Ниту коњ, ниту автомобил - погледнете што направи овој Белорусин за да се вози низ село

Коњ или автомобил? Ниту едното, ниту другото, туку белоруски „коњомобил“.

Во срцето на Белорусија, во едно мало село, Алексеј Усиков уште од мал сака да склопува работи. Неговиот најнов изум е „коњомобил“ - преработен модел на старо ауди 80, од кое е изваден моторот, а кој го влече неговиот коњ.

Усиков го користи за да превезува до земјоделското земјиште на кое работи, а неговите сограѓани го фалат поради креативноста и посветеноста.