Ова е брадестата жена: Не само што стана манекенка туку влезе и во Гинис
Импресивната приказна на оваа млада Британка го обиколи светот и слободно може да се каже дека ги воодушеви и засмеја луѓето. Верувале или не, активистката и модел Харнам Кау влезе во Гинисовата книга на рекорди како намлада жена со полна брада.
24-годишната Британка наведува дека нејзината брада е последица на синдромот на полицистични јајници, пореметување на ендокриниот систем кој предизвикува создавање на акни, зголемување на тежината и раст на влакната. Овој синдром обично се јавува во пубертет или во раната младост.
-Пубертетот за неме беше нешто ужасно. Моето тело се менуваше, а ја психички не можев да се прилагодам на брзината на промените кои се случуваа, рече Каур и додаде дека во тоа време време била несигурна и суицидна.
Откако ги испробала сите методи за отстранување на несаканите влакна, како и ласерски третмани кои не само што се прескапи, туку и немаат трајно дејство, на Каур не и останало ништо друго освен да се избричи. Но и тоа не се покажало како решение, со оглед на тоа дека влакната брзо растеле.
-Мојата брада едноставно сакаше да остане на моето лице, а ја еден ден одлучив дека е време за одмазда, објаснува Каур. Кога сфатила дека не може ништо да промени, одлучила да се прифати себеси таква каква што е.
Наместо секој ден наново да вложува време и труд за отстранување на влакната, Каур едноставно ги оставила во природна состојба.
Оваа млада дама денеска е советник во борбата против врсничкото насилство, а во март година стана првата жена - модел со брада која прошета на пистата на Лондонската недела на модата.
-Кога сите луѓе навистина би се прифатиле и засакале себеси какви што се, меѓу тинејџерите не би имало меѓусебно злоставување. А кога не би имало злоставување, на луѓето би им било полеснод а се засакаат себеси, истакна Каур.
Иако минувачите и натаму и упатуваат згрозени погледи и коментари, Каур за тоа не се нервира зошто луѓето ширум светот веќе и дадоа огромна поддршка.
-Не ни сонував дека луѓето така можат да реагираат на „брадестата жена“, во сето тоа, главен врв беше всушност љубовта, заклучи таа.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите