Живот
11. February 2016 - 15:14

Ова девојче е збунето: Кој од овие двајца и е татко?

Шестнаесет месечно девојче потполно се збуни кога ги виде својот биолошки татко и неговиот брат близнак. Истиот лик на двете страни во најмала рака го збуни девојчето.
 
Стивен Ратпојанакул објави урнебесно видео од својата ќерка која збунето гледа во него и неговиот брат близнак. Имено, малата не може да одлучи кој е нејзиниот татко кога двајцата изгледаат исто.
 
Иако на браќата ова им било смешно и забавно, за шестнаесет месечното бебе сепак ова не и била една од омилените игри. На ивица од солзи и се обрати на својата мајка која го снимила ова видео.