Македонија
5. August 2016 - 8:29

Отворени средби на автори со носители на музички авторски права

СОКОМ-МАП денеска во Скопје организира отворени средби со автори и носители на музички авторски права.

На средбите ќе бидат претставени активностите на организацијата, предлог-правилникот со тарифа и нивното влијание врз авторските приходи и корисниците.

Авторите ќе имат можност отворено да дискутираат за проблемите и перспективите во областа на заштита на музичкото авторско право, особено со постоењето на две лиценцирани организации. 

Како што најави СОКОМ-МАП, на средбите ќе присуствуваат Кокан Димушевски, Димитар Андоновски и Сони Петровски.