Македонија
15. September 2015 - 9:35

Отворена сувенирница на граничниот премин Деве Баир

На граничнииот премин меѓу Македонија и Бугарија - Деве Баир синоќа е отворена сувернирница. Со проектот на Владата на РМ е предвидено отворање на 20 сувенирници низ државата. Вакви објекти покрај на Деве Баир, има и на гранични премини Табановце и Богородица.

- Ова е можност туристите кои влегуваат и излегуваат од државата да можат да купат копии од богатото македонско културно наследство и да ги понесат со себе со што ќе ја промовираат државата, изјави заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ.

Сувенирницата е објект во рамки на националната установа Музеј Куманово.

Според Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово,  Македонија е богата со прекрасни фрескоживописи, цркви, манастири, археолошки локалитети и останати знаменитости, а со сувенирниците се остварува една од стратешки цели на Владата на РМ да се промовира нашето непроценливо културно наследство.

- Сите посетители ќе можат оттука да понесат копии од артефакти ископани од сите локалитети ширум Македонија, копии од значајни споменици кои ги има Македонија, привезоци, шолји, маици и останати промотивни материјали. Се надевам дека на сите кои ќе ја посетат Македонија, но и на нашите граѓани ќе им биде чест да купат и понесат нешто автентично и на тој начин да ја промовираат државата и нашето богато културно наследство, изјави Цветановска.