Отворена предистражна постапка за АКМИС системот
Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот по судовите.
Предистражната постапка е отворена врз основа на извештајот од експертската група на Министерството за правда од напаравените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот суд и во други судови.
Претседателот на Здружението на судии Џемали Салити денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со ова рече дека не е запознат со предистражната постапка, но истакна дека ја поддржува секоја активност која е во насока на утврдување на вистината и откривање на овој кој го прекршил законот.
- За предистрагата немам информации, но неколкупати сум истакнал дека ја поддржувам било која постапка со која ќе утврдат незаконитости, дури и мои да се иако не сум директно инволвиран во работата на АКМИСОТ. Времето ќе покаже дали навистина има или не злоупотреби во редовна судска постапка, рече Саити.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата