Loading Video...
Спорт плус
3. March 2018 - 15:51

Отворен турнир во забрзан шах „Алкалоид 2018“

Во хотелот Континентал во Скопје, денеска се одржува традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2018“. 
 
На турнирот, кој годинава има рекорден на учесници (речиси 200), ќе настапат претставници од пет држави, од кои 42 шахисти се со меѓународни тутули.
 
Прворангиран шахист на турнирот е силниот велемајстор од Хрватска Анте Шариќ, а учествуваат најдобрите македонски шахисти: интернационалните мајстори Филип Панчевски и Дејан Стојановски, велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, Влатко Богдановски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и голем број млади шахисти, вклучувајќи ги најмладите репрезентативци ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов.
 
Турнирот се одржува во хотелот Континентал во Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 130.000 денари.
 
Повеќе детали во расписот за турнирот во прилог, или на www.chessclubalkaloid.org