Македонија
1. September 2016 - 14:56

Отворен „Саем на книгата“ во штипската библиотека

Националната Установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со Министерството за култура го организира петдневниот Саем на книгата. На штандовите во Библиотеката од денеска можат да се купат книги од македонски автори и познати светски бестселери. Соња Манева библиотекар во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип вели дека Саемот на книгата ќе треа до петти септември.

- Повторно организираме Саем за продажба на книги, на публикации од проектите  „130 тома македонска книжевност и ѕвезди на светската книжевност. Саемот го организираме под мотото „Да се купи книга е прва лига“, па ги информираме сите заинтересирани граѓани и љубители на пишаниот збор можат да дојдат во Библиотеката и да си купат книга, вели Манева.

Книгите кои се понуденни од проектот „130 македонска книжевност“ се продаваат по цена од 157 денари, а додека светските бестселери имаат посебни цени, кои се прифатливи за читателите. Вработените од штипската Библиотека традиционално на почетокот на новата учебна година го организира „Саемот на книгата“