Отворен „Саем на книгата“ во штипската библиотека
Националната Установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со Министерството за култура го организира петдневниот Саем на книгата. На штандовите во Библиотеката од денеска можат да се купат книги од македонски автори и познати светски бестселери. Соња Манева библиотекар во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип вели дека Саемот на книгата ќе треа до петти септември.
- Повторно организираме Саем за продажба на книги, на публикации од проектите „130 тома македонска книжевност и ѕвезди на светската книжевност. Саемот го организираме под мотото „Да се купи книга е прва лига“, па ги информираме сите заинтересирани граѓани и љубители на пишаниот збор можат да дојдат во Библиотеката и да си купат книга, вели Манева.
Книгите кои се понуденни од проектот „130 македонска книжевност“ се продаваат по цена од 157 денари, а додека светските бестселери имаат посебни цени, кои се прифатливи за читателите. Вработените од штипската Библиотека традиционално на почетокот на новата учебна година го организира „Саемот на книгата“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата